Двојно зголемена потрошувачката на вода во Делчево

Потрошувачката на вода во Делчево е двојно зголемена, а како реузлтат на високите температури и сушниот период, во попладневните часови се јавува недостиг на вода во повисоките делови од градот.
Како што истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Ванчо Цветковски, потрошувачката на вода овие денови порасна на 80 литри во секудна што е двојно повеќе од редовната потрошувачка на вода. Тој информираше дека јавното претпријатие прави напори да се нормализира состојбата со водоснабдувањето во повисоките делови од градот, но сепак, испраќа и апел до граѓаните за рационално користење на водата.
- Овој период се јавува недостиг на вода или има слаб притисок, па жителите од повисоките делови на градот остануваат без вода. Тоа се случува во попладневните и вечерните часови, кога граѓаните ги пуштат чешмите и водата ја користат за наводнување на бавчите и дворовите. Јас апелирам до граѓаните рационално да ја користат водата, да наводнуваат наутро, кога има помала потрошувачка на вода, рече Цветковски.
Тој додаде дека јавното претпријатие планира во функција за водоснабдување на градот да вклучи уште еден бунар.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
