Двојно зголемен бројот на такси возила во Гевгелија
За неполни три месеци, поточно од средината на јули до денеска, период во кој се актуелизира превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце, бројот на такси возилата во општината се зголемил повеќе од двојно, соопшти денеска службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.
Во наведениот период, општина Гевгелија издала 62 изводи од лиценци за вршење такси превоз, односно повеќе од претходно издадените на регистрираните такси компании, што значи дека за неполни три месеци општината добила нови 62 такси возила.
Покрај изводите од лиценци, од надлежната комисија на општина Гевгелија издадени се уште стотина сертификати за такси возачи што укажува на двојно зголемување и на бројот на таксистите.
Во најголемиот шпиц на превозот на мигранти, и покрај наведените податоци, гевгеличани тешко наоѓаа слободни такси возила за своите потреби. Сега,кога нивниот превоз се пренасочи по железнички пат, такси возилата може да се забележат насекаде по градот.
Ново на Сител
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба