Двојно убиство и самоубиство - Со ловечка пушка пукал во сопругата

Јавноста во Албанија денеска беше вознмирена од двојно убиство и самоубиство, што се случило во близина на албанскиот пристанишен град Драч, јави дописникот на МИА.
Според албанската полиција, 41-годишниот Дритан Петова со ловечка пушка ги застрелал сопругата Зара Петова (35) и нејзиниот татко Исмет Лека (76). Откако ги убил, тој излегол од куќата на Лека и по кусо време се искачил на висок елетричен столб.
Во повеќе од три часа преговори полицијата го убедила дека Зара и нејзиниот татко се однесени во болница и оти се живи, по што тој се согласил да слезе од столбот. Но, во тој миг му заѕвонил телефонот, по што тој извикал „не слегувам, ќе се самоубијам“ и пукал во себе.
Полицијата верува дека на мобилниот му се јавил некој познат, кој му кажал дека и неховата сопруга и нејзиниот татко се мртви, поради што и си пресудил со пушката која ја имал со дозвола.
Дритан и Зара имале две малолетни деца, на возраст од седум и десет години. Причина за оваа трагедија, според полицијата е несогласувањето на Дритан со барањето за развод од страна на сопругата.
Претходно, поради заканите и малтретирањето од страна на Дритан, по наредна на судот на Зара и била одредена полициска заштита.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
