Движењето Беса го поддржува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада
Од Движењето Беса информираат дека го поддржуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада, поднесена денеска до Собраните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.
– Владата на Република Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички но и за економијата на земјата. Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето Беса, се вели во партиското соопштение.
Оттаму потенцираат дека за да се обезбедат стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување, неопходно е земјата да оди на предвремени избори.
– Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување на предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, потенцираат од Движењето Беса.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје