Свет
19. September 2016 - 9:08

Движење на неврзаните:Да се зголеми влијанието на земјите во развој во ОН

Земјите-членки на Движењето на неврзаните ги повикаа Обединетите нации да им дадат поголемо влијание на земјите во развој.

Земјите-членки на 17. самит на Движењето на неврзаните, кој заврши во неделата на островот Маргарита во Венецуела, ги повикаа ОН да го „отворат“ Советот за безбедност за повеќе земји и повеќе да го ценат суверенитетот на новите сили. 

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро порача во завршниот говор дека ОН не само што треба да се реформира, туку и треба да биде повторно формирана со сите нации на рамноправна основа. 

На самитот учествуваа 120 земји.