Двегодишно девојче во Јажинце починало отакако се лизнало на мраз
Двегодишно девојче од селото Јажинце, општина Јегуновце, починало како последица на несреќен случај додека играло околу чешмата во дворот од нејзината куќа во селото, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Трагедијата се случила денеска пред 13 часот додека девојчето играло околу чешмата во дворот од семејната куќа при што се лизнало на мразот и паднало по што почнало обилно да крвари од главата. Нејзините најблиски веднаш со возило се упатиле кон Тетово да го донесат тешко повреденото девојче во клиничката болница каде пристигнале околу 13 часот, но за жал лекарите само можеле да ја констатираат смртта. Во координација и консултација со јавен обвинител телото било предадено на семејството, а настанот е заведен како несреќен случај рече Јосифовски
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка