Двегодишно дете, петта жртва на грипот во Албанија
Двегодишно дете е петта жртва од сезонскиот грип во Албанија, потврди Министертвото за здравство.
![]()
Според истиот извор, двегодишниот Б.З.од селото Шнколи кај Лежа, утрово починал во Унверзитетската клиника болница „Мајка Тереза“, каде бил хосипатлизиран пред два дена во тешка здравствена состојба. Детето една недела било со висока телесна температура,г розница и кашлица, по што му се јавил и менингит.
И останатите членови од неговото семејство биле заразени од грип од типот А, потврдила анализата во Инситутот за јавно здравје.
Детето е петта жртва од сезонскиот грип во Албанија, по двата случаи на петти јануари и по еден случај на 11 и 13 јануари, кои боледувале од некоја хронична болест, а ги погодил и сезонскиот грип.
Грипот во оваа земја добива загрижувачки размери. Евидентирани се над 25 илјади заболени, но се верува дека таа бројка е многу поголема бидејќи дел не се јавиле на лекар и се лекувале во домашни услови.
Инаку во Албанија денеска почна наставата за основците и средношколците ,по продолжениот одмор, како мерка да се спречи проширувањето на грипот. Сепак според медиумите наставата се одвива со скратени часови, а поголрм број деца не се јавиле на училиште поради грипот, но и лошите временски услови.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
