Двегодишно дете ја застрела бремената мајка во Охајо
Во американската сојузна држава Охајо почина бремена жена откако била застрелана од нејзиниот двогодишен син, објавија денеска американските медиуми.
Инцидентот се случил на 16 јуни кога Лора Илг побарала брза помош пријавувајќи дека двогодишниот син го пронашол нејзиниот пиштол и ја застрелал.
Илг била однесена во болница, каде и бил извршен итен царски рез, бидејќи била во 34 недела од бременоста. Но, лекарите не можеле да ги спасат детето, а подоцна починала и мајката.
Полицијата го пронашла пиштолот СИГ Сауер П365, со која беше застрелана Илг. Но, во нејзиниот дом биле пронајдени и една сач, арка и друга пушка.
Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното Обвинителство. ми/фото: СИГ Сауер .
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини