Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје, по претрпени физички напади во текот на вчерашниот ден.
Триесет и тригодишна жена од Скопје вчера во 19 часот пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од Полициското одделение Петровец вчера во 13.20 часот, го привеле Т.М.(34) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.
По целосно расчистување и документирање на случаиоте ќе следува соодветен поднесок.
Според денешниот Билтен на МВР, поднесени се и три кривични пријави по документирање на три случаи на семејно насилство случени во текот на месецов.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против С.Б.(43) од Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 01.04.2024, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 38 - годишна сопруга и ѝ нанел повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против А.С.(39) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 09.04.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко М.С. и му нанел повреди.
ОВР Дебар поднело кривична пријава против В.К.(24) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.04.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата мајка и неговата малолетната сестра, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова