Две социјални згради за ранливите категории Роми ќе се градат во Кичево
Со средства од ИПА фондовите наменети за Ромите во делот на Осојски пат се планира изградба на две нови социјални згради каде би се згрижиле голем дел на социјално загрозени ромски семејства од Кичево.
Емин Мамудоски, претседател на Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ истакна дека ова произлегло од акцискиот план за подобрување на социо-економската положба на Ромите во општина Кичево, затоа што, како што вели, голем дел од нив живеат во загрижувачка состојба.
- Нерешено станбено прашање, без соодветна инфраструктура, невработеност, слаби месечни примања се само дел од проблемите со кои се соочуваат голем број на Роми, вели Мамудовски
Многу ромски семејства, според него, живеат во мошне лоши услови во т.н. Дива ромска населба и во населбата Мексико.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин
-
Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија
-
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-
Побаран притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
-
Саркози во затвор го чуваат полицајци
-
Мицкоски оствари средба со кралот Чарлс
-
Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци