-->
-->
Две победи на Јотовски во двојки во Тунис
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски денеска забележа две победи во игра на двојки на фјучрсот во Хамамет во Тунис. Јотовски и Хрватот Дује Кекез најпрвин во мечот од 1.коло ги победија Александер Мерино (Перу) и Кристоф Негриту (Германија). Овој меч беше прекинат вчера по првиот сет, кои го добија противниците со 6:1 во гемови. Денеска во продолжението Јотовски и Кекез беа подобри во вториот сет со 6:4 во гемови, а во решавачкиот сет беа поуспешни со 10-4 на поени. Со ова им се реваншираа за поразот на претходниот фјучрс, на кои ривалите и триумфираа.
Во мечот од 2.коло Јотовски и Кекез ги победија вторите носители Самуел Бенсунсен од Франција и Жорди Муњоз - Амбреу од Венецуела. Првиот сет со 6:4 во гемови го добија Јотовски и Кекез, додека во вториот беше истиот резултат за ривалите. Во решавачкиот сет беше 10-8 на поени.
Јотовски и Кекез ги очекуваат ривалите за полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-

Преглед на вестите од светот
-

Ден на македонската револуционерна борба
-

Кандидатот за градоначалник на Скопје - Ѓорѓиевски посети дел од скопските општини
-

Мециновиќ ги најави плановите за следните активности
-

Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
-

Преглед на вестите од светот
-

10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
