-->
-->
Две лица загинаа при несреќа на патнички брод во Германија
-->
Двајца мажи, членови на екипажот загинаа синоќа во инцидент на туристички брод во каналот Рајна-Мајна-Дунав во Германија, соопшти германската полиција, пренесува ТАСС.
Бродот патувал за Будимпешта со 180 патници и 49 членови на екипаж. Инцидентот се случил во Баварија во близина на градот Ерланген.
Според првичните информации бродот удрил во мост, при што била оштетена кабината за управување.
Спасувачката акција започнала во 6 часот изутрина по локално време, по што партниците биле изнесени на брегот. Во акцијата учествувале 200 спасувачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче