Две лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје
На 03.10.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Јане Сандански“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.К.(59) од Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(32) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(25) од с.Текија, скопско и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(78) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ Ј.Д.(31) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Национализмот не ги полни куќите
-
Филипче: Се враќаат режимски практики
-
Шукова: Модерен конгресен центар за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Сообраќајна инфраструктура за безбедни улици
-
Мециновиќ: Модерен транспортен систем
-
Во тек е пријавувањето на болни и немоќни во ОИК, за гласање во домашни услови
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод