Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје
Две лица, мајка и ќерка, се повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 15:45 минути се случила на автопатот Тетово - Скопје, во близина на бензинската пумпа Петрол компани, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, до несреќата дошло откако Ф.А.(36) од засега неутврдени причини загубила контрола врз автомобилот Голф и удрила во заштитната ограда што ги дели коловозните ленти причинувајќи поголема материјална штета на оградата и автомобилот. При тоа таа се здобила со тешки телесни повреди односно скршеници на десната рака и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница била упатена на скопските клиники. Нејзината 11-годишна ќерка се здобила со скршеница на подлактица по што и била укажана помош во тетовската болница.
- Увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%