Две лица обвиниети за разбојништво во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 27 ноември 2020 година, обвинетите дошле пред просториите на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот обвинет, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот обвинет, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на двајцата вработени им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари.
Двајцата обвинети потоа избегале кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.
– Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство, можност обвинетите да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, информира Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
-

Пентагон ја ревидираше медиумската политика согласно судска наредба, но најави жалба
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
-

Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
