Македонија
18. May 2025 - 13:21

Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот

На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј.(36) и Д.С.(29), двајцата од Куманово.

На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.