Две лица го загубија животот во сообраќајка, 22 возачи исклучени од сообраќај
Во текот на изминатиoт ден (28.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, пет со телесни повреди и две со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лице го загубиле животот и седум лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Санкционирани се 95 возачи кои што возеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај исклучени се и 22 возачи: 14 - затоа што управувале возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници, двајца возеле под дејство на алкохол, и тројца возачи поради други прекршоци.
Исто така, двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци и тројца возачи заради неправилно престигнување. Покрај ова, 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 194 мандатни платни налози, додека 55 возила се подигнати со „Пајак".
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина