-->
-->
Две интервенции на запалени оцаџи во Македонска Каменица
-->
Каменичките пожарникари вчера попладне интервенираа во две одделни интервенции во станбени комплекси во општината. Според Малин Трајчевски, командир на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, се работи за интервенции на запалени оџаци кои за среќа навреме биле изгаснати.
-Имавме прилично незгоден ден бидејки се работеше за запалени оџаци во станбени комплекси на кои ветрот им одеше во прилог. Бидејки еден од оџаците беше прилично ,,затнат” во една од интервенциите имавме помош од Јавното претпријатие Камена Река, кои со техничка поддршка ни помогнаа успешно да ја завршиме работата и оџакот целосно да го исчистиме. Во гаснењето и акцијата за чистење на оџаците учествуваа четворица пожарникари, како и едно лице од претпријатието, вели Трајчевски.
Тој додава дека ова е период кога се препорачува граѓаните да ги исчистат чадоводните канали уште еднаш во текот на грејната сезона, со што би ги избегнале несаканите појави од типот на нивно запалување.
Ова е една од првите интервенции на каменичките пожарникари во 2019 година. Минатата година во Македонска Каменица се случиле 12 пожари од кои девет биле пожари на отворен простор додека во три интервенции пожарникарите спречиле пожар во две куќи, а имале и успешна интервенција на камион наполнет со боци под притисок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости