Две илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип во Скопје
Од Центарот за јавно здравје - Скопје информираат дека за три дена 2.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип. Посочуваат дека е голем интересот за вакцини против сезонски грип.
Годинава, центрите за јавно здравје имаат на располагање околу 30.000 вакцини, од кои 5.000 се за Скопје.
Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на СЗО и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е Абот од Холандија, информираат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под три години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против сезонски грип е незадолжителна и се дава на доброволна база.
Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари, како и минатите години.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица