-->
-->
Две годишно дете повредено во сообраќајна несреќа во тетовско
-->

Две лица од кои едното две годишно дете, се полесно повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на локалниот пат Групчин - Седларево.
Во несреќата учествувале „Голф“ со тетовски регистерски таблици управуван од 26-годишниот А.К. и џип, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 21-годишниот Е.Е., двајцата од Седларево.
-Во несреќата, двајца сопатници од „Голфот“ на возраст од 51 и 2 години се здобиле со телесни повреди и пренесени се во тетовската клиничка болница, а 51-годшината сопатничка задржана е за натамошно лекување, информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
