Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
Две физички пресметки изминатата ноќ биле пријавени во Тиквешијата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Рано изутринава, во 01:10 чaсот во ОВР - Неготино, А.С., 34-годишен неготинец, пријавил дека во казино во градот, бил физички нападнат од Д.Ш., 37-годишно лице, исто така од овој град.
-По документирање на настанот, против Д.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР - Велес.
Синоќа во 23 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, ги привеле кавадарчаните А.П.(24), Р.П.(30) и Е.П.(38), затоа што на улица „Методија Џунов Џикот“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
- По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта