Две деца и натаму во критична состојба, наставничката и останатите ученици стабилни
Директорот на универзитетскиот Клинички центар Србија, професор доктор Милика Ашанин изјави дека тројца од четворицата ранети во Ургентниот центар во Белград се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка.
„Што се однесува до четвртиот пациент, тој е примен со тешки, комплексни прострелни повреди на градниот кош, на вратот и ‘рбетот. Врз него беа извршени две операции. Подобар е, буден е, но мора да бидеме многу внимателни и да квалификуваме дека состојбата е критична. Денеска ќе направиме серија на прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите“, изјави доктор Ашанин.
Директорот на универзитетската Детска клиника Тиршова, доктор Синиша Дучиќ рече дека две момчиња со прострелни рани во нозете, кои се сместени на таа институција, се стабилно, додека девојче е оперирано како итен случај, со повреди во главата, витално е загрозена и се наоѓа во критична состојба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница