Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
На Евзони, кусо пред 12.30 часот по локално време, паркираните трактори на грчката страна го затворија граничниот премин за сите возила, а според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 16 по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе постават блокада од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).
За оние кои патуваат во Грција, граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени за сообраќај.
На Ники не е исклучена можноста да има нови блокади, со оглед на тоа што и таму се паркирани трактори, додека пак на Дојран грчките земјоделци немаат поставено блокада и сообраќајот се одвива непречено.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не е исклучена можноста и во текот на утрешниот ден повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период како и денеска, односно сообраќајот да биде во прекин во периодот меѓу 12 и 16 часот и од 18 до 22 часот по грчко време.
На Евзони, блокадите започнаа на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои остануваат паркирани на грчката страна на границата и во изминатиот период го блокираа граничниот премин со исклучок на периодот за Божиќ.
Во текот на денешниот ден одново се активираат и низа блокади на автопатиштата низ цела Грција, што ќе траат до вторник.
На автопатот Солун - Атина кај патарините Малгара на излез од Солун затворен е сообраќајот кон грчката метропола, а во двата правци ќе се затвори во понеделник на два дена.
Според најавите, од вторник до петок, поради Нова година, се очекува одново да бидат отворени сите автопатишта и гранични премини, како што беше случај за Божиќ, за да се олесни патувањето на граѓаните.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
МИА
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
