Свет
4. February 2016 - 11:08

Дванаесет земји потпишаа спогодба за создавање на Транспацифичко партнерство

Министрите за трговија на 12 држави потпишаа денеска во Оукленд, на Нов Зеланд, спогодба за создавање на Транспацифичко партнерство. 

Во новиот регионален економски сојуз се вклучија Австралија, Брунеи, Виетнам, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, САД, Сингапур, Чиле и Јапонија.

Транспацифичкото партнерство е трговски пакт, кој предлага целосно укинување на царините на стоки и услуги во Азиско-пацифичкиот регион. 

Спогодбата ќе стапи во сила, откако ќе биде ратификувана од сите земји-учеснички. Се очекува процесот на ратификација да трае околу две години.