Дванаесет новозаразени од Ковид-19 во Кичево
Дванаесет новозаразени, три лица оздравени и еден починат пациент е денешниот биланс од состојбата со Ковид-19 во Кичево. Според податоците од Министерството за здравство, вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 172, од кои 105 се активни, 58 се излекувани и девет лица се починати.
– Денеска кај нас се забележани 12 новозаболени лица. Сите се лекуваат во домашни услови, под надзор на нивните матичени лекари и нивната општа здраствена состојба е стабилна. Се разбира сите се во изолација. Три лица ја добија битката со вирусот. Од друга страна денеска за жал имаме едно лице пациент на возраст од 72 година, што ја загуби битката со вирусот, истакна д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи