Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда" по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот.
На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив.
По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода.
При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.
Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби