Двајца загинати во нов пожар во романска болница
Двајца пациенти заразени со Ковид-19 загинаа денеска, а една медицинска сестра е повредена во пожар во болница во романскиот град Плоешти, четврти што погоди една од болниците во земјата за една година, соопшти Службата за итни случаи (ИСУ).
„Двајца пациенти ги загубија животите, а 16 се префрлени во друга болница во Плоешта поради чадот во приземјето на болницата, но нивните животи не се во опасност“, изјави портпаролката на ИСУ, Ралука Василоа.
Таа додаде дека медицинската сестра, која се здобила со изгореници на 40 отсто од телото, била префрлена во болница во Букурешт.
„Истрагата треба да ја утврди причината за пожарот“, изјави министерот за здравство Атила Чеке.
Според директорот на болницата, зградата била реновирана минатата година, а неодамна биле прегледани електричните инсталации и системот за довод на кислород.
Романија е тешко погодена од четвртиот бран на епидемијата на Ковид-19 и и недостигаат кревети во одделенијата за интензивна нега.
Во октомври, во пожар во болница во Констанца во југозападниот дел на земјата настрадаа седум пациенти заразени со коронавирус.
Дваесет лица загинаа и во два пожара што ја зафатија болницата во Пијатра Неамт на североистокот на земјата во ноември 2020 година и во Букурешт во јануари.
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска