Двајца турски државјани го убиле бугарскиот граничен полицаец, Бугарија бара нивна екстрадиција
Двајцата државјани на Турција, приведени за убиството на бугарскиот граничен полицаец Петар Бачваров, се браќа. Тие не се обиделе да го преминат граничниот ѕид меѓу Бугарија и Турција, туку чекале други „жртви“, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев, велејќи дека не може да даде повеќе детали за да не се меша во истрагата.
Според Дерменџиев, Бугарија ќе бара Турција да ги предаде сторителите на убиството на бугарскиот граничен полицаец Петар Бачваров, кој вчера беше застрелан од турска територија со ловечка пушка.
Според Дерменџиев, чаурите пронајдени на бугарска територија се од автоматското оружје со кое војската од граничната патрола одговорила на огнот од турска страна. Дерменџиев изјави дека ќе поднесе оставка само доколку тоа го побара претседателот на Бугарија.
Пратениците на ГЕРБ и БСП побараа претседателот на Бугарија Румен Радев да го смени министерот за внатрешни работи.
Пред собраниската комисија за одбрана и внатрешен ред, вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов го коментираше прашањето за оружјето што го носи граничната полиција во Бугарија и рече дека ќе бидат подобро вооружени и ќе носат подобри безбедносни елеци поради оваа ситуација. Во Бугарија и Турција се отворени судски постапки против убијците на бугарскиот граничен полицаец.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена