Двајца тетовци завршија во полиција: Едниот уринирал на јавно место, другиот снимал
Синоќа во 20.30 часот на ул. „Б.Стефаноски“ во Тетово, полициски службеници забележале непознато машко лице како прави прекршок – уринирање на јавно место.
Со намера да му укажат на прекршокот, тие му се доближиле и побарале да се идентификува. Лицето одбило да се идентификува, почнало да се оддалечува и со погрдни и вулгарни зборови почнало да ги навредува и омаловажува полициските службеници.
Му била дадена наредба да застане, но тој не ги послушал и во еден момент го турнал еден од полициските службеници.
Лицето било приведено во Полициската станица Тетово, каде му бил утврден идентитетот. Се работи за лицето З.К. (51) од Тетово.
Во моментот на приведување на З.К., бил забележан З.С. (53) од Тетово, кој со мобилен телефон се обидувал неовластено да го снима настанот.
Кога полициските службеници го внесувале З.К. во службеното возило, З.С. го држел со двете раце и ги спречувал во преземање на службените дејствија, поради што и тој бил приведен во Полициската станица.
По целосно расчистување на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите
-
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал
-
Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе
-
Трамп: Мислам дека Путин сака мир во Украина и покрај неодамнешните напади
-
Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
-
Вучиќ најавува дека во следните 3-4 денови, двапати ќе се сретне со Трамп