Македонија
11. јуни 2017 - 13:45

Двајца скопјани завршија во затворот Идризово

Двајца скопјани ќе лежат во затвор. Вчера  СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода 58-годишниот Р.Д. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „кражба“, како и 31-годишниот Р.Б. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Истите се пренесени во Идризово.