Двајца повредени во сообраќајка во Кичево

Две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Гоце Делчев“ во Кичево. Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.А.(48) од гостиварското село Врапчиште и „Рено Клио“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Л.Б(.54) од село Колибари, Кичевско.
-При оваа сообраќајка, со тешки телесни повреди се здобил возачот на реното Л.Б., додека со нешто полесни повреди се здобил С.Б.(43) од Кичево, сопатник во возилото „БМВ“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица од Кичево-информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тој додаде дека вчера Л.М.(45 )од Кичево во ОВР Кичево пријавила дека на улица „Живко Туфекџиоски“ од Кичево била касната од куче скитник.
Бројот на напади од кучиња скитници во овој град е толку чест, што безмалку секој ден се случува по некој напад. Граѓаните за да се промени состојбата формираат здружение, преку кое ќе побараат конечно и трајно решение на проблемот со кучињата скитници.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
