Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
Две лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на регионалниот пат Велес - Градско, во близина на клучка Караслари.
Како што информира СВР Велес, сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Д.Н. од кавадречкото село Ваташа и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Х.У. од Косово.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник 60- годишниот П.К. од село Долно Соње, Општина Сопиште, констатирани во Општата болница - Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска. Додаде дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Ќерката на загинатиот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија, дали ќе има крај на ова
-
Го прегазил на пешачка со мотор и избегал, детали за сообраќајката во која скопјанец загина на кеј кај „Жабар“
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско