-->
-->
Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон
-->
Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти тамошната полиција.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изјавил за Би-би-си дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.
Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската палата, каде илјадници луѓе чекаат во редици за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, јавува „АП“.
И напаѓачот по апсењето е во болница.
Полицијата ги истражува околностите на овој напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро