Двајца Палестинци со секири убија тројца Евреи во израелскиот град Елад

Двајца Палестинци, кои беа осомничени за убиство на тројца Израелци во напад со секира во централниот израелски град Елад, се уапсени денеска по повеќе од два дена прогон, соопштија безбедносните сили.
„Уапсени се двајцата терористи, кои убија тројца израелски цивили во смртоносниот напад во градот Елад“, се наведува во заедничкото соопштение на полицијата, армијата и Агенцијата за домашна безбедност по големата потрага.
Деталите за местото на апсењето не се откриени.
Полицијата претходно ги идентификуваше осомничените како Асад Јусеф ал-Рифаи (19) и Субхи Имад Абу Шукаир (20).
Смртоносниот напад во четвртокот вечерта во Елад, населен со ултраортодоксни Евреи, беше шести од 22 март.
Очевидци изјавија дека двајца напаѓачи излегле од автомобил, мавтајќи со секирите кон минувачите, оставајќи зад себе тројца мртви и четворица ранети, пред да побегнат со истото возило.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
