Двајца пациенти починаа во штипската модуларна болница
Во штипската модуларна болница се намалува бројот на пациенти, кои болнички се лекуваат. Според извештајот, во модуларната болница се лекуваат 32 пациенти од кои 24 се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение со полесна клиничка слика се девет лица. Битката со коронавирусот во изминатите 24 часа ја загубија 35 -годишна пациентка од Радовиш и 71 -годишен пациент од Делчево.
Началникот на штипското Инфективно одделение, Дијана Гајдарџиска-Шишкова за МИА вели дека 35 -годишната пациентка во болницата е донесена во тешка состојба, со обезност и ниска сатурација. Апелира пациентите да се јавуваат на лекар, со цел да имаат навремен болнички третман.
Болнички третман бараат пациенти над 60 години, но на возраст од 30 до 50 години се лекуваат вкупно четворица, а на возраст над 20 години имаат една пациентка
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори