Двајца обвинети за злоупотреби и измами со уплатите на данок во Град Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едниот се товари за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а вториот за продолжено кривично дело „компјутерска измама“ од член 251-б став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Првиот обвинет, на возраст од 26 години, ја искористил својата службена положба како службено лице – помлад референт за архивирање на документација во Одделот за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и надоместоци на Град Скопје. Преку работното место тој имал контакт со граѓани кои поднесувале даночни пријави за данок на промет, данок на имот и данок на наследство, па им нудел услуга – да изврши плаќање на износот на данокот во нивно име за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Тој притоа барал износот на данокот според Решението за плаќање данок да му го дадат во готово нему, но наместо да го уплати целосниот износ на даночната обврска, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од парите ги присвојувал со вториот обвинет, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Вториот обвинет, на возраст од 38 години, според Обвинителството, како вработен во Одделението за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци на работно место соработник за присилна наплата, стручни работи за прием, издавање и заверка на документи за даноци и такси имал овластување да пристапува до компјутерскиот систем на Град Скопје во кој се евидентираат уплатите од граѓаните по основ на данок.
– Со намера за себе и за друг да прибави противправна имотна корист, тој преку неговиот компјутер, користејќи ја сопствената лозинка, електронски ги менувал податоците за извршените уплати за данок и прикажувал дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. Со ова тој ги доведувал во заблуда лицата задолжени за контрола на извршените уплати по различен даночен основ. По заверка на договорите од нивна страна, вториот обвинет повторно пристапувал во компјутерскиот систем и ги враќал податоците во претходната состојба на даночниот долг, се додава во соопштението.
Обвинителството посочува дека на овој начин, двајцата обвинети во периодот на 2018 и 2019 година, преку уплатите од 20 даночни обврзници, го оштетиле Буџетот на Град Скопје како и буџетите на општините Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба, за вкупен износ од 3.410.366 денари.
Ново на Сител
-
ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени