Двајца мигранти повредени од воз во близина на Криволак - На едниот од нив му биле ампутирана ногата

Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ, биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
-Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот во велешката болница му била ампутирана левата нога, а вториот имал само нагмечувања на шаката. Двајцата биле препратени на понатамошно лекување во одделот Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје, изјави за МИА, д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, несреќата се случила во 00,45 минути по полноќ кога товарниот воз Гевгелија-Табановци ги повредил двајцата мигранти кои се движеле по пругата.Тие информираат дека поради несреќата немало прекин на железниќкиот сообраќај на таа релација.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
