Македонија
29. September 2023 - 17:21

Двајца дилери приведени во Скопје- пронајдени различни видови дрога и три ваги

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против М.М.(60) и Б.М.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштува МВР.

На 24.08.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „цитроен ц3“, управувано од М.М., била пронајдена и одземена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени 588 грама марихуана, амфетамин, МДМА, кокаин и три дигитални ваги со остатоци од марихуана.