-->
-->
Двајца Бугари се скараа на аеродром, случајот третиран како бомбашка закана
-->

Опасност од бомбашка закана беше објавена денеска на аеродром во Штутгарт, пишува „Билд“.
Засегнат е авион на авиокомпанијата Бугарија Ер, кој требало да превезе 180 патници до бугарскиот град Варна.
Заканата беше прогласена по расправија меѓу двајца патници, при што едниот го обвинил другиот дека планирал напад врз леталото, пишува весникот.
Екипажот сериозно го сфатил обвинувањето и веднаш ги информирал надлежните. Сите планирани летови од и до аеродромот веднаш биле запрени.
Извршена е детална проверка на багажот на авионот, при што се користеле и кучиња, а проверена е и внатрешноста на машината.
Патници од авионот подоцна денес најверојатно ќе бидат превезени до Варна.
Во меѓувреме летовите од и до аеродромот се обновени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МНР препорачува да не се патува во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо
-

МОН на јавна дебата во УКИМ за законот за високо образование
-

Соработка на „Макпетрол“ и МОН - нов прирачник против врсничко насилство за училиштата
-

Кириите за станови растат – каде е најевтино, а каде најскапо?
-

9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
