Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
На 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет.
Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје и во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека браќата И.А. и А.А. биле нападнати од Б.С. и А.С..
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и на местото е пронајдена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија