Двајца браќа џихадисти од Косово убиени во Сирија
Двајца браќа од Косово, се последните жртви од регионов на боиштата во Сирија.
Идентитетот на браќата не се наведува, а според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ двајцата се бореле на страната на исламската држава.
-Сега и офицајлно може да се потврди смртта на двајцата браќа, изјавиле за весникот надлежните косовски служби, додавајќи дека во Сирија двајцата заминале пред повеќе месеци.
Деновиве беше потврдена смртта на Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери. Тој загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија.
На страната на терористичката ИД се борат над 600 Албанци од Балканот, од нив половината од Косово. До сега од нивните роднини е потврдена смрта на најмлаку 85, од нив педесетина се од Косово, 16 од Албанија, 15 од Македонија и неколку од Јужна Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата