Двајца бегалци од Блискиот исток уапсени во САД за тероризам
Двајца мажи од Блискиот исток, кои во САД дошле пред повеќе од три години, се уапсени во Калифорнија и Тексас под обвиненија за меѓународен тероризам, информираа денеска американските власти.
Осомничените се уапсени во две одвоени акции во Сакраменто и Хјустон и не биле вклучени во ист план, но можно е да биле во контакт, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до истрагата.
Двајцата уапсени се Палестинци родени во Ирак.
Според документ од судот, Омер Фареџ Саик Ал Хардан, кој е уапсен во Хјустон, во САД влегол како бегалец во новември 2009 година.
Тој е обвинет дека и давал материјална помош на Исламска држава и давал лажни изјави за своите врски со оваа терористилка организација кога ги барал дозволата за престој и американското државјансто.
Министерството за правда во Сакраменто соопшти дека вториот маж, дваест и тригодишниот Авс Мохамед Јунис Ал Џајаб во САД влегол во 2012 година како бегелец од Сирија. Тој е уапсен под обвинение дека давал лажни изјави за меѓународен тероризам.
Во кривичната пријава на ФБИ се наведува дека Ал Џајаб лажел за патувањето назад во Сирија и поддшката за терористичките групи на интернет.
Државниот обвинител во Сакраменто, Бенџамин Вагнер, во соопштение изјави дека засега нема индиции дека Ал Џајаб планирал напади во САД.
Заменик гувернерот на Тексас, Дан Патрик, член на Чајанка, конзервативното крило на Републиканската партија, наведе дека причина за апсењето на осомничениот бегалец во Хјустон е тоа што Тексас се обвидува да спречи сириските бегалци да се преселат во Тексас.
- Ова е токму тоа што постојано и го зборувавме на администрацијата на Обама, дека ова може да се случи и зошто не сакаме бегалците да доаѓаат во Тексас. Постојат сериозни прашања во поглед на тоа кои се навистина овие луѓе, како што покажуваат и денешните настани, рече Патрик во соопштението.
Републиканските лидери апелираа кај претседателот Барак Обама, кој е член на Демократската партија, да биде внимателен кога ќе одлучува дали на бегалците од Сирија да им дозволи да се преселуваат во САД.
Ново на Сител
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор