Дваесетина чешки полицајци ќе пристигнат во Македонија на почетокот од февруари
Дваесетина чешки полицајци, заедно со нивни словачки колеги на 3 февруари ќе пристигнат во Македонија, изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец, јави дописникот на МИА од Прага.
Чешките медиуми ја пренесуваат изјавата на Хованец дадена во Амстердам, во која тој посочува дека испраќањето на полицајците било договорено од Владата на Чешка во декември минатата година.
Целта е, по договорот со земјите - членки на Вишеградската група - В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) персонално и технички да се помогне во поефикасна заштита на границите.
Во подготовките на поддршката на Македонија, според чешкиот министер, исто така, учествуваат и претставници на Србија и Словенија, како и други земји од Балканот, со цел помошта да биде што поефикасна.
Хованец потсети дека чешката поддршка би била слична на моделот на работа на чешките полицајци во Словенија.
- Тие дневно помагаат на 600 до 800 луѓе. Тоа не е ,,про-форма" помош, туку многу ефикасна помош, оцени Хованец.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро