Дваесет и шест сообраќајки за три дена во Скопје

Четиринаесет лица се повредени во 26 сообраќајни незгоди во изминатите три дена на подрачјето на Скопје.
На 24 јули сообраќајната полиција извршила увид на 10 незгоди од кои девет се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда, при што полесно се повредени возач на мотоцикл и возач на велосипед.
Завчера е извршен увид на шест незгоди, три со последица материјлна штета и три со последица телесна повреда, во кои се повредени сопатник, возач на велосипед и возач на мопед. Регистрирана е и една незгода со последица тешка телесна повреда која се случила во 12 часот и 10 минути на ул. „Јајце“, помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ и пешак, а како последица на незгодата со тешки телесни поврди се здобил пешакот.
Вчера е извршен увид на вкупно 10 незгоди, три со последица материјала штета, шест со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, тројца пешаци, сопатник и возач на мопед, како и една незгода со последица тешка телесна повреда, која се случила во 16 часот и 50 минути на ул. „Методија Андонов Ченто“ во која учествувале три патнички возила, а како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возач.
Санцкионирани се и 24 возачи кои возеле под влијание на алкохол, 18 кои не го почитувале ограничувањето на брзината, 13 кои поминале на црвено светло, 20 користеле мобилен при управување со возилото, а санкционирани се и 33 возачи на мопеди и мотоцикли. Од страна на специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 непрописно паркирани возила
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
