Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
Американските сојузни држави предводени од демократите и групите за граѓански права поднесоа серија тужби, со кои се оспорува обидот на претседателот Доналд Трамп да стави крај на државјанството по право на раѓање. Две слични тужби беа поднесени од Американската унија за граѓански слободи и имигрантските организации.
Трамп по инаугурацијата им нареди на американските агенции да одбијат да го признаат државјанството на децата родени во САД ако ниту мајката ниту таткото не се државјанин на САД или се законски постојани жители.
Дваесет и две држави под контрола на демократите, заедно со главниот град Вашингтон и градот Сан Франциско, поднесоа неколку тужби до федералните судови во Бостон и Сиетл, тврдејќи дека Трамп го прекршил Уставот на САД.
Во тужбите се тврди дека извршната наредба на Трамп го прекршила правото содржано во членот за државјанство од 14. амандман од Уставот на САД, кој предвидува дека секој роден во САД се смета за државјанин. Тие се повикуваат на одлуката на Врховниот суд на САД од 1898 година во случајот САД против Вонг Ким Арк, со која се утврди дека децата родени во САД, чии родители не се државјани, имаат право на американско државјанство.
– Доколку судот ја потврди неговата наредба, првпат повеќе од 150.000 деца кои се раѓаат годишно во САД би останале без право на државјанство. Претседателот Трамп нема овластување да ги одземе уставните права, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на Масачусетс, Андреа Џој Кембел.
Ново на Сител
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка