Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да започне преговори со Македонија

Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија.
Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на оваа година.
-Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот, стои во писмото.
Бугарија, повикуваат европратениците, треба да го одобри отворањето на меѓувладината конференција со Македонија што е можно побрзо и со тоа да оддаде признание за напорите на земјата во пристапниот процес кон ЕУ. Тие ја повикуваат македонската страна исто така „да го вложи секој можен напор“ за решавање на споровите.
Албанија, која исто така нема да добие зелено светло денеска бидејќи дебатата за проширувањето е отстранета од дневен ред и фигурира само како информативна точка, треба да добие признание за своите реформски напори, велат европратениците.
Писмото е потпишано од известувачот за Македонија во Европарламентот, бугарскиот пратеник Илхан Ќучук, како и од други пратеници добро познати на македонската јавност – Тања Фајон, Дејвид Макалистер, Рајнхард Бутикофер и други.
Ново на Сител
-

Социјалистичка партија: На 2 ноември гласаме за иднината на Македонија
-

Кривични пријави за наставничка и директорка од Кавадарци кои ширеле приватни пораки на нивна колешка
-

Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
-

Клековски: На иницијатива на Фондот за здравствено осигурување почна проценка на критериумите за здравствено осигурување
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември
-

Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори
-

Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво
-

Гроб со протома од коњ кој датира од железното време - стар најмалку 26 векови откриен кај локалитетот Исар - Марвинци
