-->
-->
Два светски рекорда за Американците
-->
Два светски рекорда беа поставени на претпоследниот ден на Светското првенство во пливање во Казањ. Американската микс штафета 4 х 100 слободно и Кејти Ледецки поставија нови светски рекорди.
Најпрвин најуспешната натпреварувачка на шампионатот Ледецки на 800 метри слободно исплива време 8:07.39 и за 3 секунди и 61 стотинка го подобри светскиот рекорд. Воесно ја одбрани светската титула и го освои 5.то злато на шампионатот.
Штафетата 4 х 100 слободно микс во состав Лохте, Адриан, Симоне и Френклин испливаа 3:23.05 минути.
Сара Сјостром од Шведска стана првата пливачка со светска титула на 50 и 100 метри пеперутка на исто СП.Таа денеска победи во трката на 50 метри пеперутка со време 24.96 секунди.
Олимпискиот првак Флорен Манаду од Франција беше најбрз на 50 метри слободно со време 21.19 секунди.
Емили Сибом од Австралија го освои своето трето злато во Казањ откако победи на 200 метри грбно - 2:05.81 минути. Таа победи и на 100 метри грбно и како дел од штафетата 4 х 100 слободно.
Чад Ле Клос од Јужна Африка триумфираше во трката на 100 пеперутка во време 50.56 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та