Два милиони случаи на треска пријавени во Северна Кореја
Во Северна Кореја се регистрирани два милиони случаи на треска, само една седмица откако беа потврдени првите официјални случаи на Ковид-19.
Само во еден ден, во средата, се пријавени случаи на треска кај 262 илјади пациенти, објавија државните медиуми.
Вкупно пријавени се речиси два милиони случаи на Ковид, од кои 1,2 милиони веќе се опоравиле.
Во Северна Кореја со популација од речиси 26 милиони жители смртноста од Ковид-19 е еден починат од 63 заболени.
Експертите проценуваат дека Северна Кореја нема капацитети да спроведува тестови за Ковид-19 за секој суспектен, па оттаму пријавува случаи на треска. Светската здравствена организација претпоставува дека во земјата која е речиси изолирана од остатокот од светот не е спроведена никаква вакцинација.
Првиот случај на Ковид-19 Пјонгјанг официјално го потврди минатиот четврток.
Ново на Сител
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија