-->
-->
Два македонски романа објавени во Украина
-->
Романите „Запалка“ на Натали Спасова и „Вишновата хроника“ на Фросина Пармаковска се објавени во Украина, преведени од украинската писателка и преведувачка Ана Багрјана.
Двете книги се објавени од издавачката куќа „Тврдина“ од Луцк, а нивниот превод финансиски е поддржан преку Конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура на Република Македонија.
Истиот издавач претходно го објави романот за млади на Натали Спасова „Прва љубов во Розевата улица“ кој е веќе одлично прифатен од младите украински читатели.
Двата нови превода ќе бидат претставени на најголемиот саем на книга во Украина - во Лвов, од 15-ти до 19 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи