Два големи шумски пожари во Крива Паланка

Два големи шумски пожари во кои горат борова шума, стрништа и трње трева се активни во Крива Паланка од вчера околу 14 часот. Пожарите се на две локации, во селата Габар и Осиче.
- Три екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенираа со три возила и деветмина пожарникари. Дополнително гаснеа 15 вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ - Подрачно шумско стопанство Осогово, една екипа пожарникари од општина Ранковци и вработени од ПЕ на Дирекцијата за заштита и спасување од градот. Се работи за непристапен терен, па се гасне исклучиво со напртњачи, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Екипите гаснеле до доцна синоќа, по што биле повлечени, а веќе од пет утринава повторно се на терен.
Пожарите се уште се активни, а поради обемот закажан е состанок на кординативниот општински штаб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
